Фудбалерот Мерсовски спаси три деца од давење во Охридското езеро

Фото: ГФК Охрид Лихнидос/facebook

Членот на фудбалскиот клуб Охрид Един Мерсовски е херојот на денот кој од давење успеа да спаси три малолетни деца.

Тој бил со соиграчите на пат кон тренинг, веднаш скокнал во водите на Охридското езеро и ги извлекол дечињата кои биле исплашени информира news1.mk

Изворот вели дека додека седеле на мостот, едно од децата се лизнало и паднало во водата, а неговите другарчиња сакајќи да му помогнат скокнале по него.

Но, во овој зимски период ладната вода и стресот си го направиле своето, па децата наместо да се извлечат едно со друго, ладната езерска вода почнала да ги повлекува надолу.

Во вистински момент се појавил фудбалерот Мерсовски кој заедно со тимските колеги прво помислиле дека си играат децата, но сфатиле дека нешто не е во ред.

На крајот сите деца беа спасени благодарение на херојот и играч на ФК Охрид, Един Мерсовски.

Фото: ГФК Охрид Лихнидос/facebook

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот