Фудбалерите ќе ја спасат Барселона од банкрот, се согласија на намалување на платите

epa08781771 Barcelona?s Ousmane Dembele (4-L) celebrates with team-mates after scoring the 0-1 goal during the UEFA Champions Legue soccer match between Juventus FC and FC Barcelona, in Turin, Italy, 28 October 2020. EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Каталонскиот клуб денеска потврди дека постигна договор со фудбалерите за ново намалување на платите.

Шпанскиот фудбалски гигант Барселона е најтешко погоден клуб од пандемијата на коронавирусот, а кризата во каталонскиот тим е толку голема што му за заканува банкрот доколку не ги намали расходите во најскоро време.

Барселона до крајот на декември мора да заштеди 190 милиони евра доколку не сака да прогласи банкрот и поради тоа започна преговори со фудбалерите, се согласија на ново намалување на платите.

Клубор денеска објави дека е постигна договор со фудбалерите кои се согласија да ги преполоват платите со што ќе се заштедат 122 милиони евра.

Иако не дојде до посакуваната сума од 190 милиони евра, сепак веднаш ќе се заштедат 122 милиони евра, а дополнителни 50 милиони евра во наредните две-три години на име на разни бонуси со што финансиската состојба во Барселона изгледа далеку подобро.

Во новата година новото раководство ќе се обиде целосно да ја надмине финансиската криза која ја предизвика пандемијата на коронавирусот но и лошото работење на сега веќе поранешниот претседател, Хосеп Марија Бартомеу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот