Фудбалер од Премиер лигата открива: Ќе ме распнат доколку дознаат дека сум хомосексуалец

Криптовалутите го „освојуваат“ и спортот/ фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Англискиот таблоид „Сан“ денеска објави вест со која ја крена јавноста на нозе, а „главен актер“ е  фудбалска ѕвезда од Премиер лигата која тврди дека е хомосексуалец.

Таблоидот не го открива идентитетот на фудбалерот, но ја објави неговата наводна исповед во која открива дека ќе биде распнат доколку се дознае за неговата сексуална определеност и дека се плаши да излегува од својот дом поради тоа.

– Живееме во 2021 година и би требало да бидам слободен и на сите да им кажам кој сум, но постојат некои навивачи кои и понатаму како да живеат во 1980-тите години. Сакам да бидам отворен кон луѓето бидејќи тоа сум јас и горд сум на мојата сексуална определеност. Но, вистината е дека ќе бидам распнат – вели фудбалерот хомосексуалец и додава:

– Кога сум на теренот, чувствувам дека играчите можат да погодат дека сум хомосексуалец и да ми судат поради тоа. Се прашувам дали можат да почувствуват такво нешто поради облеката која ја носам. Тоа психички влијаеше на мене и чувството е навистина страшно.

Таблоидот „Сан“ додава дека анонимниот фудбалер зборувал и со Амал Фашану кој е роднина на поранешниот играч на Норич, Џастин Фашану кој во 1990 година призна дека е хомосексулец, но осум години подоцна се самоуби.
Амал основа хуманитарна организација која се бори против хомофобијата и расизмот во спортот.  

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот