Фото: Screenshot

Фудбалер на Реал Мадрид одморот го искористи да помага во Сиера Леоне

Стоперот на Реал Мадрид, Антонио Рудигер, кратката пауза поради празниците ја искористи не само за одмор, туку и за хуман гест.

Дел од слободните денови германскиот репрезентативец ги помина во Сиера Леоне, земјата од каде што потекнува неговата мајка. Таму посети фондација која се грижи за најранливите категории на луѓе и активно се вклучи во нејзините активности.

За време на посетата, Рудигер организираше заеднички оброк за околу 200 лица, меѓу кои и луѓе со слаб слух и физички попречености. Покрај поделбата на храна и основни намирници, дефанзивецот одвои време и за дружење со присутните.

Ова не е прва хуманитарна акција на Рудигер во Сиера Леоне. Пред четири години тој финансираше хируршки интервенции за 11 деца со здравствени проблеми поради кои не можеа самостојно да се движат без помагала.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот