Фросина од „Фросина“ ни го зготви највкусниот гулаш, еве го и рецептот

Го дегустиравме во гостилница „Фросина“, а ни го зготви шефот на кујната Фросина Ивановска, која заедно со сопругот Тони, се сопственици на гостилницата.

.

Не напразно „Фросина“ е гостилница, а не ресторан – зашто тука секогаш ќе бидете добро нагостени и да не речеме, прејадени. Вгнездена е на улицата „Платник“, на мирна локација, се служи строго домаќинска кујна, а пријатното музиче дозволува човек на раат да се изнамуабети додека ужива во храната. Амбиентот е „како да не си во Скопје“, туку во некоја тосканска „траторија“. А, го знаете она за Италијанците? Кога јадењето е во прашање, прашањето е „дове си манџа бене?“ (каде се јаде добро).

Е, баш тука се јаде добро. Во „Фросина“. Затоа чести гости се странците, ама и уметниците, спортистите и ете, ние, најобичните. Такви се и сопствениците на „Фросина“, најобични мили луѓе кои не се „занесуваат“ и покрај тоа што имаат добра причина за тоа – храната која ја служат.

Прочитајте и...  Елена Велевска се РАЗВЕДЕ и со насмевка кажа: Мажи има насекаде низ светот! (ВИДЕО)

Менито е прилично дебело, но наместо да се мислите што да пробате, прашајте што се јаде денес. Така и ние направивме:

-Што се јаде денес?

-Полнети пиперки, мусака, сарми од лозов лист, полнети тиквички, од чорби, телешка, шкембе, јагнешка, пилешка, полнет модар патлиџан, џигер во марамица, гибаница.

И ако одговорот повторно ви изгледа предолг, слободно „перонализирајте“ го прашањето.

-Што да јадам денес?

Така и ние направивме. И добивме гулаш со шпагети. Толку го бендисавме што ја прашавме шефицата за рецептот. А таа пак, несебично го сподели со нас. Ние, со вас.

Фросина, шефица на кујна

ГУЛАШ СО ШПАГЕТИ

Потребни намирници (за 4 лица)

300 гр. шпагети,

1 кг. кромид,

1/2 кг. свински шол,

ловоров лист,

црвен пипер,

Прочитајте и...  Научниците открија: Еве колку им е потребно на жените да ја „изгубат главата“

црн пипер,

сол по желба.

Подготовка

Го лупиме и ситно го сечкаме кромидот. На малку зејтин во тава, кромидот го пржиме на „тивко“. Кога ќе порумени, го додаваме претходно исечканото месо на коцки. Додаваме филџан вода и оставаме да се „крчка“ и понатаму на ниска температура, околу 1 час.

10 минути пред гулашот да е готов, ги додаваме зачините.

Во меѓувреме, ги подготвуваме шпагетите на вообичаен начин.

Ги сервираме шпагетите во чинија. Врз нив го ставаме гулашот, па по желба декорираме.

Добар апетит!

Прочитај повеќе

Ова е моментално најпопуларното видео на интернет: Еве зошто! (ВИДЕО)

Слободен печат

Аркан ги забранил овие кадри: Погледнете ги сцените во кои Цеца е разголена и со природни гради! (ФОТО)

Слободен печат

Индија збудале по Меланија Трамп, а таа воодушеви со стајлингот (ФОТО)

Слободен печат

Дино Мерлин и Сенидах снимија дует!

Слободен печат

Овие 3 хороскопски знаци покрај тоа што се прекрасни партнери, тие ќе ви бидат и најдобар пријател.

Слободен печат

Сè што треба да знаете за купување и ракување со плински боци во домаќинство

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Џенифер Лопез и нејзиниот вереник Алекс Родригез се изнаплакаа на говорот на Ванеса Брајант! (ВИДЕО)

Слободен печат

Емотивната изведба на Бијонсе за време на комеморацијата на Коби и Џиџи! (ВИДЕО)

Слободен печат

Што ќе значи ако се прогласи пандемија на коронавирус и како ќе влијае тоа на секој од нас

Слободен печат

Џесика Алба и нејзината ќерка изгледаат како близначки! (ФОТО)

Слободен печат

Елена Велевска се РАЗВЕДЕ и со насмевка кажа: Мажи има насекаде низ светот! (ВИДЕО)

Слободен печат

Ванеса Брајант поднесе тужба против компанијата која е сопственик на хеликоптерот во кој загинаа Коби и Џиџи!

Слободен печат