Фрицханд: „Јавна соба“ на Телеграм не е нешто што не можеше да се очекува

Скандалозно. Она што можеше да се прочита по весниците и порталите кои пишуваа на тема „Јавна соба“ не било нешто што не можело да се очекува, но веројатно е прилично доцна изреагирано за сите надлежни институции да се зафатат со работа околу решавање на проблемот, вели во „Утрински брифинг“ на „Слободна Тв“, проф. Ана Фрицханд, психолог.

-Не можеме да посочиме еден најодговорен. Ако тргнеме така сигурно ќе згрешиме, затоа што јасно ни е на сите, се покрена голема дискусија на оваа тема, некако консензуален е ставот од многу експерти дека станува збор за многу длабок и системски проблем- вели проф. Ана Фрицханд, психолог.

Ако посочиме дека проблемот е само во семејството, смета Фрицханд, ќе ги исклучиме другите битни елементи. Ако посочиме дека е во образованието, исто така.

-Што правиме со поединецот или со групата, врсниците, медиумите. Јас секогаш апелирам на системски приод. Не е толку важно да се посочи еден виновник, туку да се посочат сите релевантни аспекти, што секој може да направи во однос на својот домен на ингеренции- рече Фрицханд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот