„Франс Фудбал“ го знае добитникот на „Златната топка“!?

twitter.com/btsportfootball

По 16. пат во кариерата на листата главни фаворити за добивање на престижната индивидуална награда се најде и Кристијано Роналдо.

Според италијанските медиуми, токму Роналдо е прв кандидат за признанието пред Лионел Меси и Виржил ван Дајк.

Претходните денови делегација на „Франс Фудбал“ престојуваше во Торино каде што имаше состанок со Роналдо, а присуствуваше и спортскиот директор на Јуве, Фабио Паратичи.

Роналдо годинава стигна до бројката од 700 голови во кариерата, со Јувентус го освои „Скудетото“, а „Лигата на нации“ со португалската репрезентација.

Во кариерата Португалецот досега петпати ја освоил „Златната топка“ во 2008, 2013, 2014, 2016 и 2017 година. Церемонијата на прогласувањето на најдобриот за оваа година ќе се одржи на 2 декември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот