Францускиот премиер Едуар Филип ја зголеми својата популарност

Премиерот е личноста во која Французите имаат најголема доверба да ја „преизмисли Франција” во наредните години.

Реизбран во неделата по вториот круг од општинските избори во Ле Хавр, францускиот премиер Едуар Филип излезе посилен од гласањето, односно со зголемен рејтинг јави дописникот на МИА..

Едуар Филип, кој беше реизбран за градоначалник на Ле Хавр во неделата навечер со повеќе од 58 отсто од гласовите во вториот круг на општинските избори, пред претстојната реконструкција на владата, баромерите на популарноста на премиерот се на високо ниво по три месеци управување со здравствената криза.

Анкетата на Харис Интерактив веднаш по изборите покажа дека 55 отсто од Французите сакаат Едуард Филип да продолжи во Матињон. И според истражувањето на истиот институт објавено во петокот, неговото работење го одобруваат 51 отсто од избирачите, додека претседателот Емануел Макрон ужива само 44 отсто доверба.

Во понеделникот, истражувањето спроведено од Ифоп е во иста насока. Според оваа студија, Премиерот е личноста во која Французите имаат најголема доверба да ја „преизмисли Франција” во наредните години. Едуар Филип води во ова истражување, спроведено за 37 политички фигури, но и научници. Вкупно, 45 проценти од анкетираните имаат доверба во сегашниот премиер за да ја „преизмисли Франција”, еден процентен поен повеќе отколку Никола Хулот, поранешен министер за еколошка и инклузивна транзиција (од мај 2017 година до август 2018 година).

Емануел Макрон се наоѓа само на деветтото место зад многу десничарски личности, како што се Ксавиер Бертранд (38%), Никола Саркози (36%) и Франсоа Бароин (36%). Шефот на државата инспирира доверба кај само 32% од анкетираните и дури е во голема мерка надминат од контроверзниот научник, Дидие Раулт, кој се наоѓа на третата позиција во оваа анкета (42%).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот