Францускиот милијардер не го купува Милан

Главна вест во фудбалска Италија денеска беше дека Бернар Арно, сопственикот на ЛВМХ групацијата (во која спаѓа и луксузниот бренд Луј Витон) е многу блиску до купување на Милан.

Оваа информација прва ја пласира „Ла република“ и според весникот, работата околу преземањето на Милан на Арно за сума од 960 милиони евра од инвестицискиот фонд Елиот треба да биде завршена до крајот на годината.

Оваа вест утринава ги воодушеви навивачите на „росоњерите“, но неколку часа подоцна, францускиот милијардер со писмо до јавноста ги демантира ваквите шпекулации.

„Драги навивачи на Милан, сакав да ви ја напишам оваа порака за да се стави крај на шпекулациите за евентуалниот интерес на моето семејство или ЛВМХ групацијата за купување на Милан.

Имаме голема почит кон вашиот клуб, неговите вредности, фантастичната историја, но никогаш не сме контаклтирале со некого од клубот и никогаш не сме биле заинтрересирани да инвестираме или да го купиме Милан.

Не знаеме од каде се појави оваа информација, но нема вистина во неа.  Му посакуваме се најдобро на Милан сезонава но и во наредните сезони“, стои во пораката која ја објави Арно на својот профил на Инстаграм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот