Франција се враќа во Регионалниот совет за соработка за активна поддршка на Западен Балкан
„Подготвени сме да учествуваме во работите на РСС посебно во областите на инвестициите, поврзувањето и безбедноста” на Западен Балкан, соопштил ле Дријан.
Франција се враќа како активен партнер на Регионалниот совет за соработка (РСС) и таа одлука била донесена во рамките на новата стратегија за Западен Балкан што минатата година ја усвоил претседателот Емануел Макрон, соопшти денеска РСС.
Препорачано
Одлуката за ова и била соопштена на генералната секретарка Мајлинда Брегу на денешниот состанок во Берлин на високо ниво, во рамките на француско-германската иницијатива за контрола на малокалибарското и лесното оружје, со која претседаваа германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас и францускиот министер за Европа и надворешни работи Жан Ив ле Дријан.
„Подготвени сме да учествуваме во работите на РСС посебно во областите на инвестициите, поврзувањето и безбедноста” на Западен Балкан, соопштил ле Дријан.
Франција го напушти активното учество во РСС во 2014 година.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4мин
-
13мин
-
18мин
-
22мин
-
34мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


