Франција го повика турскиот амбасадор по изјавата на Ердоган за Макрон

Француската Влада ќе го повика турскиот амбасадор во Франција на разговор за да ја објасни изјавата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој го праша францускиот претседател дали има „мозочна смрт”.

Ердоган денеска изјави дека коментарите на францускиот претседател Емануел Макрон за НАТО одразуваат „болен и плиток” поглед на нештата.

Тој му порача на Макрон дека треба да провери дали можеби тој не е „со мозочна смрт”.

Ердоган ја даде изјавата во Истанбул, осврнувајќи се на претходната изјава на Макрон дека НАТО е „во состојба на мозочна смрт”.

Француското претседателство соопшти дека турскиот амбасадор ќе биде повикан во Министерството за надворешни работи за да ја објасни изјавата и додаде дека Франција и другите сојузници на НАТО чекаат јасни одговори од Турција во врска со нејзините намери во Сирија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот