Франција: Повторно протести на аеродромите против пензискиот закон

Фото: CGT/Фејсбук

Патниците кои летаат во и надвор од Франција мора повторно да се подготват за штрајкови низ целата земја, поттикнати од владиниот закон за пензиските реформи.

„Од недела навечер до вторник наутро се очекуваат откажувања и одложувања на летови на аеродромите во Париз Орли и Париз Шарл де Гол, како и на Марсеј, Лион, Бордо, Нант, Тулуз, Ница и Бове“, соопштија од француската цивилна авијација.

Одлуката на владата, наметната од претседателот Емануел Макрон во средината на март, да ја зголеми старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години сега стана закон.

Сепак, синдикатите повторно повикуваат на сенационални протести и штрајкови во понеделник, кога се одбележува Меѓународниот ден на работниците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот