Франција годинава ќе произведе 18% повеќе вино

Франција берба грозје/ Фото Jacques Alexandre / Alexandre Jacques / Profimedia

Франција годинава треба да произведе 44,6 милиони хектолитри вино, 18 отсто повеќе од лани кога лозовите насади беа опустошени од мразот, објави во петокот Министерството за земјоделство. Бербата почна на почетокот на годинава поради сушата и е при крај, додава министерството.

Министерството денеска ја зголеми проценката од септември за 600 илјади литри и додаде дека годинашната прогноза ќе биде четири отсто над петгодишниот просек.

Жетвата во регионот Шампањ заврши околу 12 дена порано од десетгодишниот просек и се очекува да биде двојно поголема од минатата година благодарение на поволните временски услови, се вели во соопштението за медиумите.

Во Бордо жетвата заврши на крајот на септември, а производството ќе биде пет проценти под просекот, бидејќи сушата го попречи растот на грозјето, а пролетниот мраз и градот во јуни оштетија некои лозја.

Сушата предизвика штета и во Алзас и во регионите на југозападна Франција, каде производството ќе биде 11, односно 21 отсто под просекот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот