ФОТО+ВИДЕО | Сури од „Студени нозе“ го прослави 50. роденден на свирка кај Дац и Александар

Фото: Скриншот/Фејсбук

Актерот Драган Спасов – Дац и пејачот Александар Митевски се познати по своите редовни свирки пред скопската публика, а минатата недела им се придружи и поранешниот член на македонската музичка група „Студени нозе“ – Ивица Стојановски – Фиц.

На големо изненадување на присутните, на свирката присуствуваше и Никола Николов – Сури од „Студени нозе“, кој беше еден од омилените музички имиња во деведесеттите години. Во оваа прилика, Сури го прослави својот 50. роденден.

Фото: Скриншот/Фејсбук

Дац и Александар споделија компилациско видео со најинтересните моменти од вечерта, кога сите заедно го испеаја познатиот хит на „Студени нозе“ – „Како кучето мое“.

„Синоќа се вративме во најубавите времиња на Скопје. На гости ни беше Фиц ‘Студени Нозе’, а на Сури му прославивме 50. роденден“, стои во описот до видеото.

Роденденска забава со Александар и Дац на покривот на ГТЦ: „Со љубов за Скопје“ на 29 септември

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот