Загреб, протест на антиваксери / Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT
Загреб, протест на антиваксери / Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

ФОТО+ВИДЕО: Масовен протест во Загреб против ковид сертификатите и епидемиолошките мерки

Денес во Загреб се одржа масовен протест против ковид сертификатите за вакцинален статус и епидемиолошките мерки за превенција од ковид.

На протестот, според хрватските медиуми, се собраа 15.000 луѓе кои побараа укинување на задолжителните ковид сертификати кои во Хрватска се на сила во здравствениот сектор и во јавните и државните институции.

За време на протестот сите говорници секој на свој начин се залагаа за некои теории на заговор поврзани со вакцинацијата.

-Ќе изградиме нова заедница втемелена на љубов. Главите горе и ќе победиме, рече познатата хрватска антиваксерка и лекарка Лидија Гајски.

Загреб, протест на антиваксери / Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT
Загреб, протест на антиваксери / Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT
Загреб, протест на антиваксери / Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Се обрати и свештеникот фра Лазар Перица кој се повика на Бог и божјите закони.

-Нѐ викаат антиваксери. Прво, вакцина не постои оти не се знае што е дефиниција за вакцина. Имате слободна волја, ама ова е прашање на достоинство… Живејте и умрете како луѓе, рече свештеникот.

За време на протестот не толку мирољубивите антиваксери како што велат за себе нападнаа и новинари, јави РТЛ чијшто вработен беше мета на удари.

Загреб, протест на антиваксери
Загреб, протест на антиваксери / Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот