ФОТО+ВИДЕО | Манекенка и сопруга на фудбалер загинала во страшна несреќа: Пожарникари морале да интервенираат

Фото: Инстаграм

Викторија Данченко, сопругата на Олех Данченко, фудбалер на грчкиот клуб АЕК, загинала во тешка сообраќајна несреќа.

Украинската манекенка, инаку љубителка на брзото возење, го загубила животот во близина на Одеса, нејзиниот роден град. Во моментот на несреќата манекенката го возела мерцедесот на својот сопруг Олег.

Надзорните камери го забележале моментот кога Викторија ја изгубила контрола над автомобилот. Прво удрила во друг автомобил, потоа во камион и на крајот во заштитната ограда на автопатотот.

Убавата манекенка починала на местото на несреќата, а итните служби морале да ги исечат остатоците на автомобилот за да ѝ го извадат телото, потврдила полицијата.

Пожарникарите со часови имале проблеми да го извлечат телото на сопругата на фудбалерот од возилото, а автомобилот со кој се возела беше целосно уништен. Според некои извори од Украина, причина за несреќата е преголемата брзина со која Викторија често се фалела.

Викторија дури и пред страотната сообраќајна несреќа во која загинала се снимала себеси додека возела.

Викторија и Олех се венчаа во Атина во летото 2020 година, по три години врска. Луѓе блиски на фудбалерот велат дека тој е целосно скршен поради загубата и дека прашање е кога и дали воопшто ќе се опорави.

Олех Данченко (27) е поранешен млад репрезентативец на Украина, а во својата богата кариера го носел дресот на Шахтјор, руски Рубин, АЕК Атина, како и на бројни помали екипи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот