ФОТО+ВИДЕО: Лажна дојава за бомба ја испразни фабриката Леар во ТИРЗ Тетово

Фабрика Леар Тетово/Фото: Слободен печат/Зоран Димовски

Лажна дојава за бомба во фабриката Леар во склоп на Индустриската зона во Тетово ги извади вработените надвор од производствениот погон тие во кругот на фабриката беа повеќе од еден час.

Обезбедувањето ни потврди дека станува збор за лажна дојава за бомба, но не дозволи да влеземе во кругот на фабриката.

Фабрика Леар Тетово/Фото: Слободен печат/Зоран Димовски

Од МВР велат дека немаат таква информација, иако заедно со вработените во кругот на фабриката имаше полициски службеници.

Фабрика Леар Тетово/Фото: Слободен печат/Зоран Димовски

Вработените го напуштија погонот околу 10 часот, а се вратија на работните места околу 11. 30 минути.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот