ФОТО+ВИДЕО | Ким Кардашијан мета на потсмев и критики: Ми се чини дека никој не сака да работи денес

ким кардашијан
Ким Кардашијан / Фото: Притнскрин/Инстаграм

Во интервју за американскиот магазин „Variety“, Ким, Клои и Кортни Кардашијан заедно со нивната мајка Крис Џенер ги открија своите деловни планови за иднината. Тие се присетија како навистина започнала нивната приказна и како станале дел од светот на познатите, дали некогаш зажалиле.

Познатите сестри кои влегоа во светот на славните пред дваесет години денес се едни од најпознатите жени во светот и на социјалните мрежи ги следат милиони, па затоа не е ни чудо што и милиони се слеваат на нивните банкарски сметки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Variety (@variety)

Исто така, интересно е да се забележи дека само еден член на славното семејство има повеќе следбеници отколку што стриминг сервисот „Netflix“ има преплатени членови ширум светот. Имено, Кајли Џенер има 315 милиони следбеници, а базата на податоци на „Netflix“ брои 218 милиони.

„Се сеќавам дека пред почетокот на емитувањето на нашето реално шоу, ќерка ми и јас бевме возбудени за снимањето во малата продавница за детска облека што ја поседував во тоа време. Бев среќна што шоуто ќе ми помогне да ја промовирам продавницата и се надевав на поголема продажба. Сепак, брзо сфатив дека тоа не е единствената придобивка што ја добивам од шоуто. Веќе за време на снимањето на втората сезона препознав дека семејството може да стане бренд. Сфатив дека имаме нешто посебно. Кога сфатив дека сме хит, мојата креативност беше бескрајна. Знаев дека морам да размислувам надвор од рамката, така и направив“, се присети Крис Џенер, која сè уште е мозокот на целата операција и на сите бизниси на нејзините ќерки.

Не постои договор што г-ѓа Џенер не го прегледува, таа ги договара соработките на своите ќерки и ги контролира финансиите и книгите на сите 16 компании што ги поседуваат. Секако, Крис си зема процент за тоа, а ќерките немаат проблем со тоа бидејќи тврдат дека таа е нивна лавица и знае како да се бори за нив.

Интересно е што сите три сестри се согласуваат во едно, не се грижат за критиките и злобните коментари.

„Луѓето мислат дека живееме од нашата слава. Тоа не е наша грижа. Се навраќаме само на позитивните критики и се убиваме од работа за да го имаме она што го имаме денес. Жал ни е ако мислите поинаку, но немаме енергија да се бориме со вас. Не мора да бидеме пејачки, танчерки или актерки, ги живееме нашите животи и видете, успеавме“, изјави Ким Кардашијан, додавајќи дека има многу важен совет за сите идни претприемачи.

„Ги имам најдобриот можен совет за сите жени во бизнисот. Стани и почни да работиш. Ми се чини дека денес никој не сака да работи“, изјави Ким, а токму со оваа набрзо стана вирален хит, а луѓето на социјалните мрежи се потсмеваат со нејзината изјава истакнувајќи дека е многу контрадикторна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Variety (@variety)

Иако моментално е во центарот на вниманието на јавноста поради разводот со раперот Канје Вест со кој дели четири деца, поранешната госпоѓа Вест нема лоши зборови за својата поранешна љубов.

„Секогаш ќе имам почит кон него, особено поради моите деца. Реалноста е дека ние сме семејство и секогаш ќе бидеме. Затоа секогаш ќе нè врзува некаква љубов и почит. Иако има моменти кога не изгледа така, има и такви кои се супер позитивни. Она што сакам јавноста да го знае е дека не е секогаш совршено, но треба да работиме на врската и да се потрудиме“, објасни таа, додавајќи дека сè уште нема коментари за врската со нејзиниот наводен нов партнер Пит Дејвидсон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Variety (@variety)

Новото шоу на семејството Кардашијан-Џенер ќе се прикажува како дел од стриминг сервисот „Hulu“. Мајката-менаџерка за новата продукција има само пофални зборови и тврди дека целата работа ја подигнале на повисоко ниво, како што сега и им доликува.

ким кардашијан
Кортни, Клои и Ким / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Од вкупно 40 нови епизоди што ќе се снимаат, сите членови на кланот ќе заработат еднакви суми. И покрај етаблираните бизниси развиени од секоја од сестрите, никоја немала проблем да се појави во новите епизоди на реалното шоу.

А главниот двигател на сè, како што велат, им се парите.

„Парите се секогаш важни. Кој го кажува спротивното, лаже“, заклучи Крис Џенер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот