ФОТО+ВИДЕО | Демонстрантка направи хаос на црвениот тепих во Кан: Престанете да нè силувате

украина
Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Жена истрча топлес на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал во знак на протест со порака испишана на нејзиното тело со која ги обвинува руските војници за силување за време на инвазијата на Украина.

кански фестивал
Демонстрантката на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал / Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Демонстрантката на црвениот тепих го скина горниот дел од облеката и ја покажа пораката „Престанете да нè силувате“ испишана на телото со боите на украинското знаме. Нејзините бедра беа ишарани со црвена боја, што симболизира крв.

кански фестивал
Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER/

Украинските власти соопштија дека истражуваат случаи на силување извршени од руски војници за време на окупацијата на делови од земјата.

Во вторникот вечерта свеченото отворање на 75. Кански филмски фестивал беше одбележано со видео порака на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

ГАЛЕРИЈА | 75-то издание на Канскиот филмски фестивал: Зеленски се обрати на публиката, Форест Витакер ја доби Златната палма

Во контекст на војната во Украина, организаторите на фестивалот решија да ги ускратат акредитациите на сите руски филмаџии, но и на новинарите кои на кој било начин се поврзани со руската влада.

Од друга страна, противникот на војната во Украина, рускиот режисер Кирил Серебреников, познат по храбрите филмови и поддршката за ЛГБТИ луѓето, официјално го отвори фестивалот со филмот „Жената на Чајковски“ во конкуренција за Златната палма и пред публиката порача „Не за војната!“

;

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот