Арина Сабаленка се сврши со бразилскиот бизнисмен Георгиос Франгулис/Фото: Принтскрин/Инстаграм

ФОТО+ВИДЕО | Кралицата на тенисот ќе се мажи: Милионерот клекна покрај базенот и ја запроси со огромен дијамант

Најдобрата тенисерка на светот, Арина Сабаленка, го изговори судбоносното „да“ на својот партнер, бразилскиот милионер Јоргос Франгулис. Во пресрет на турнирот во Индијан Велс, тој организирал романтично запросување покрај базенот, кое ја оставило без здив тенисерката, како и нејзините бројни обожаватели низ целиот свет.

Со многу свеќи и прекрасни цвеќиња, бразилскиот бизнисмен од грчко потекло клекнал на колена и ја запросил, а емотивната Арина не можела да ги задржи солзите радосници.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Yahoo Sports (@yahoosports)


Тенисерката го сподели емотивниот момент на својот инстаграм-профил со кратка, но силна порака во која наведе дека двајцата ќе бидат заедно засекогаш. Во видеото, јасно се гледа и огромниот дијамантски прстен со кој  Франгулис ја изненадил.

Честитки веднаш почнаа да пристигнуваат од сите страни, а српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ беше меѓу првите што се огласи. Најдобриот српски тенисер ја изрази својата радост за нивната среќа оставајќи три срца во коментарот. Неговата сопруга Јелена Ѓоковиќ, како и славниот шпански ас Карлос Алкараз, набрзо му се придружија во честитките.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aryna Sabalenka (@arynasabalenka)


Кој е човекот што го украде срцето на тениската кралица? Франгулис е 36-годишен претприемач кој пораснал во Јужна Америка, но потекнува од традиционално грчко семејство чии вредности, како што вели, сè уште силно ги негува денес. Иако дипломирал право, знаел дека никогаш нема да биде адвокат, па се свртел кон приватниот бизнис и создал добро познат бренд кој произведува органски пијалаци и оброци направени од асаи бобинки. Денес, неговата компанија бележи огромен успех и има повеќе од 700 продавници низ целиот свет.

Покрај работата, Јоргос е голем обожавател на автомобилските трки, во кои некогаш и професионално учествувал возејќи „порше“.

Арина Сабаленка го покажа свршеничкиот прстен/Фото: Принтскрин/Инстаграм

Неговиот живот, меѓутоа, не бил секогаш лесен, бидејќи во август 2016 година добил страшна дијагноза и успеал да го победи ракот на тироидната жлезда со натчовечки напори. Веднаш по таа операција, се оженил првпат, но тој брак неславно завршил.

Новата љубовна приказна со Сабаленка се родила од убаво пријателство и деловна соработка во тешкиот животен период за неа. На крајот на март 2024 година, познатата тенисерка го загуби својот тогашен партнер, поранешниот хокеар Константин Колцов, кој си го одзеде животот во Мајами.

Во тие најмрачни денови, Јоргос ѝ подал рака и станал нејзина најголема поддршка. Во едно интервју, Белорусинката искрено признала дека тоа бил неподносливо тежок период и дека била исклучително среќна што го има покрај себе, бидејќи тој секогаш ја охрабрувал и несебично се обидувал да ѝ го тргне мрачните мисли со забавни активности.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Веќе на почетокот на годината се наговестуваше дека раскошна свршувачка е на повидок. Откако го освои турнирот во Бризбејн, актуелната „кралица на тенисот“ на шега стави мал притисок врз своето момче пред целиот свет за време на нејзиниот победнички говор, велејќи му директно дека се надева дека наскоро ќе го нарече со друго име наместо со моето момче.

– Му благодарам на моето момче, се надевам дека наскоро ќе можам да го наречам поинаку, нели? Само правам дополнителен притисок – јавно, со смеа, му испрати порака на церемонијата на доделување на купот.

Франгулис очигледно внимателно го слушаше сето тоа и само неколку месеци подоцна ја исполни нејзината желба. Неодамна, дури и покрај тешкиот пораз во финалето на Австралија Опен во кој Јелена Рибакина беше подобра, Арина зрачеше од вистинска среќа, а многу спортски аналитичари веруваат дека токму нејзиниот стабилен емотивен живот е заслужен за нејзините фантастични игри на теренот.

Успешниот бизнисмен денес верно ја следи Сабаленка на сите турнири и не крие дека врвниот тенис сега му станал втор дом, иако гледањето на нејзините натпревари му носи завидна количина стрес.

Тој отворено призна во медиумите дека седењето во ложата за време на напнатите тениски натпревару е убедливо најтешката работа со која се соочил во животот, како и дека секогаш се обидува да не покажува премногу емоции бидејќи Арина забележува апсолутно сè. Сепак, тој напоменува дека секогаш му е најважно да ѝ каже топол збор кога ќе изгуби и да се погрижи таа да се чувствува добро кога натпреварот ќе заврши.

Секогаш многу отворена, никогаш не ги крие своите емоции, дури и кога се на нејзина штета, Сабаленка е една од најекстровертните „тениски кралици“ на сите времиња. Млада, убава, успешна, насмеана, таа знае како да ужива во животот и не го крие тоа.

Сабаленка: Не е фер жените да играат против биолошки мажи во тенисот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот