Фотографот Џеф Оверс „фатил“ необичен момент во немирното море на брегот на Сасекс

нептун море
Фото: Принтскрин / Instagram

Познат британски фотограф на брегот на Сасекс ги фотографирал брановите, а неговото внимание го привлекло еден специфичен кадар, пренесува „Би-Би-Си“.

Имено, фотографот на „Би-Би-Си“, Џеф Оверс во вторникот на социјалните мрежи објави фотографија од немирното море. За кратко, многумина го забележаа истото што го забележал и тој. Во брановите го препознаа лицето на римскиот бог на морео Нептун.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jeff Overs (@oversnap)

Оверс рекол дека, како и обично, го фотографирал морето додека ветерот дувал со неверојатна брзина од 80 километри на час. Тогаш брановите знаат да направат чудни форми, и дека на момент забележал дека брановите се креваат како рака, а Нептун го видел дури кога пристигнал дома.

„Брановите се распрснуваат во силниот ветер и кога се враќаат назад, повремено прават модели што личат на засечени лица“, вели фотографот, тврдејќи дека воопшто не манипулирал со фотографијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jeff Overs (@oversnap)

Како што објаснуваат научниците, некои луѓе имаат тенденција да гледаат лица во неживи предмети. Апсурдниот феномен, познат во науката како пареидолија е момент кога луѓето препознаваат лица и форми на случајно распоредени точки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот