ФОТОГАЛЕРИЈА: Македонските фудбалери го имаа официјалниот тренинг пред дуелот со Лихтенштајн
Најдобрата македонска фудбалска репрезентација се подготвува за својот петти натпревар од квалификациите за пласман на Светското првенство во 2026 година.
Препорачано
Следен противник е селекцијата на Лихтенштајн, аутсајдер во групата Ј. Избраниците на селекторот Благоја Милевски ја имаат фаворитската улога на хартија, но истата треба да се оправда на теренот.
Нашите најдобри фудбалери го одржаа официјалниот тренинг на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје каде ќе се игра мечот в недела со почеток од 18.00 часот.
Влезниците за овој важен натпревар на македонските репрезентативци се во продажба онлајн. Да ги бодриме „рисовите“ до победа со која ќе останат во трката за учество на Мундијалот.












