ФОТОГАЛЕРИЈА | Џил Бајден ја украси Белата куќа со 10.000 украси и 41 елка: На една се наоѓаат интересни фотографии

Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Првата дама на САД Џил Бајден откри како ја украсила Белата куќа за божиќните и новогодишните празници.

 


Во ходниците и просториите на Белата куќа се наоѓаат бројни новогодишни елки, украсени со мотиви кои потсетуваат на најрадосниот празник во годината.

Темата на првиот Божиќ на семејството Бајден во Белата куќа е „Подароци од срце“.

Првата дама на својот официјален профил на Твитер објави фотографија од официјалната елка на Белата куќа, која се наоѓа во Сината соба.

Бела куќа/Фото/EPA-EFE/JIM LO SCALZO

„Инспирирани од делата на добрина и искуства кои ни го кренаа расположението оваа година, украсените простории во Белата куќа ги одразуваат Подароците од срце кои не обединуваат сите: вера, семејство, пријателство, уметност, учење, природа, благодарност, услуга, заедница, мир и единство – напишала Џил Бајден.

Бела куќа/Фото/EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Меѓу украсите е и џиновската Бела куќа од медењаци, која им оддава почит на работниците од првата линија кои истрајаа низ пандемијата на коронавирусот, додека официјалната елка висока 5,5 метри ги слави даровите на мирот и единството, соопштила Белата куќа.

Бела куќа/Фото/EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Додека семејството Бајден го прославуваше Денот на благодарноста во Масачусетс, повеќе од 100 волонтери го започнале украсувањето на вилата, вклучително и Овалната канцеларија, со 41 новогодишна елка, речиси два метри лента и повеќе од 10.000 украси, пренесува АП.

Белата куќа/Фото/EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Северната и јужната страна на зградата се украсени со 25 венци, а речиси 79.000 светилки ги осветлуваат новогодишните елки, венчињата и други празнични украси.

На една од елките се наоѓа необичен и интересен украс.

Како што може да се види на фотографиите, елката е украсена со фотографии од претходните „жители“ на Белата куќа, па така покрај фотографиите на Џо и Џил Бајден, на елката се наоѓаат фотографии од Барак и Мишел Обама, Доналд и Меланија Трамп, како и Џеки и Џон Кенеди.

Поранешниот претседател Доналд Трамп со сопругата Меланија Фото/EPA-EFE/JIM LO SCALZO
Поранешниот претседател Џон Кенеди и Џеки Кенеди/Фото/EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот