ФОТО: Живко Мукаетов им честиташе на ракометарите на Алкалоид за остварените резултати годинава

фото: facebook.com/rkalkaloid/

Успешен е првиот дел од оваа натпреварувачка сезона (2023/24) во македонската ракометна Супер лига за екипата на Алкалоид предводена од тренерот Кирил Лазаров во која до сега триумфираше на секој натпревар. Пред одигрувањето на последниот 14 меч в сабота против Тиквеш, РК Алкалоид го освои првото место во групата „А“ и пренесува три бода во плеј-офот.

Денеска од клубот информираат дека играчите беа во посета на Алкалоид АД Скопје. Во рамките на посетата Генералниот директор/Претседател на УО Живко Мукаетов им честиташе на ракометарите за напредокот и за остварените резултати годинава.

За првпат во својата клупска историја, Алкалоид настапи и на меѓународната сцена достојно го презентираше македонскиот ракомет, освои четири бодови во својата група, една победа и реми против шпанската Ла Риоха во Европската лига на ЕХФ.

Исто така екипите во младинските конкуренции, пак, забележаа одлични резултати и веќе се промовираат како носители на македонскиот ракомет, што е и една од стратешките цели на клубот.

– Ние ракометарите и стручниот штаб изразивме голема благодарност до компанијата „Алкалоид“ и до г. Живко Мукаетов за неизмерната поддршка за клубот и најавивме дека овогодишните резултати се поттик и мотив за уште поголеми успеси во периодот што следува. Имавме можност да ги посетиме и производствените капацитети и Центарот за контрола на квалитет во сегментот фармација – информираат од РК Алкалоид.

фото: РК Алкалоид
фото: РК Алкалоид
фото: РК Алкалоид
фото: РК Алкалоид

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот