ФОТО+ВОДЕО | Нов Гинисов рекорд: 465 парови во исто време го имале најдолгиот „италијански бакнеж“

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Дури 465 парови на натпреварот морале да изедат шпагети долги 60 сантиметри за 30 секунди без да се скинат и да го крунисаат последниот залак со бакнеж.

Сите многу добро знаат што е француски бакнеж, но таканаречениот италијански бакнеж е популарен во светот веќе некое време. Поентата е дека „учесниците“ почнуваат да јадат шпагети од различни страни и последниот залак го претвораат во бакнеж, пишува „Политика.рс“.

Името доаѓа од фактот дека се тестенини – традиционално италијанско јадење. Сепак, самиот чин беше инспириран од популарната сцена од анимираниот „Дизни“ филм „Маза и Луња“ (1995), во која муцките на насловните ликови се поврзуваат, „бакнуваат“, откако ќе изедат една шпагета, почнувајќи од различни страни.

Ова е само уште еден начин на влијанието на култот на „Дизни“ врз светот, но и на влијанието на целата филмографија врз светската популарна култура. Под впечаток на прекрасната анимирана сцена, подвлечена од заводливиот песна „Bella Notte“, испеана од Пеги Ли и Сони Бурк, паровите ширум светот се обидуваат да го направат најоригиналниот италијански бакнеж, кој го сметаат за многу романтичен и заводлив.

Варијациите во методот се сведени на различни должини на шпагети, целосно имитирајќи ја атмосферата од филмот, дури и носење на костими како главните ликови.
Постои и натпревар во оваа „дисциплина“, па во неа е срушен Гинисов рекорд. Годинава во Германија на Меѓународниот ден на бакнувањето (6 јули) е поставен нов рекорд, а на натпреварот учествувале 465 парови. Сите тие се обиделе да го направат најдолгиот „италијански бакнеж“. Морале за 30 секунди да изедат шпагета долга 60 сантиметри без да се скине и да го крунисаат последниот залак со бакнеж.

Настанот бил организиран во хангарот на берлинскиот аеродром Темпелхоф, а биле ангажирани 12 келнери. Украсите биле посветени на љубовта, а масите биле покриени со карирани чаршафи, исто како во култниот цртан филм. Според организаторите, за подготовка биле потребни повеќе од 20 часа.

Целта била да се собори претходниот светски рекорд во „италијанскиот бакнеж“ поставен минатата година од 433 парови во Белгија. Официјалното жири го предводела Сеида Субаши Гемичи, која потврдила дека во таа прилика е соборен постоечкиот рекорд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот