ФОТО | Во дворот на селска куќа: Пронајдена мистериозна биста на римска дама стара 1.800 години во Англија

Фото: Facebook / Burghley House

Античка римска биста на „убава дама“, која се смета дека е стара околу 1.800 години, била откриена во дворот на огромна селска куќа во Англија.

Мермерната глава од бистата била откопана во април 2023 година од работник за време на изградба на паркинг во Бургли хаус, замок од 16 век лоциран во округот Линколншир, пишува „Њусвикс“.

Фото: Facebook / Burghley House

Две недели подоцна, официјалните лица соопштиле дека излегло и делот кој недостигал од бистата. По откритијата, и двата предмети биле однесени кај кустосот на Бургли хаус, Џон Калверхаус, пред да бидат испратени кај професионален конзерватор. Конзерваторот внимателно ја исчистил и зацврстил бистата, откривајќи ги карактеристиките на жената, пред повторно да ги состави двата дела.

„Бистата прикажува прилично убава римска дама“, изјавил Калверхаус за „Њусвик“.

Фото: Facebook / Burghley House

Сепак, засега не е познат идентитетот на жената. Бистата им била покажана на двајца експерти кои утврдиле дека најверојатно потекнува од првиот или вториот век.

Се чини дека подоцна ѝ била додадена железна шипка, што овозможува бистата да се прицврсти на некоја форма на пиедестал. Бистата и адаптацијата направена на неа се типични за „сувенирите“ што трговците со антиквитети им ги продавале на богатите аристократи кои патувале во Италија во текот на 18 век. Оваа практика може да фрли светлина на тоа како бистата завршила во Бургли хаус.

Фото: Facebook / Burghley House

„Верувам дека е купена во Италија од 9-тиот Ерл за време на една од неговите две патувања“, рекол Калверхаус.

Фото: Facebook / Burghley House

Според кустосот, Браунлоу Сесил, 9-тиот Ерл од Ексетер (1725–1793), бил британски пратеник кој ја презел сопственоста на куќата одреден период во 18 век. За време на неговите патувања во Италија, тој купил многу антиквитети, вклучувајќи ја и новооткриената биста.

Бистата од оваа мистериозна дама сега е изложена во просториите на Бургли хаус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот