ФОТО | Фаталната внука на принцезата Дијана се омажи за 32 години постариот мултимилионер

кити спенсер
Фото: Instagram

Леди Кити Спенсер (30) се омажи за јужноафриканскиот мултимилионер Мајкл Луис (62) викендов во Италија. Внуката на принцезата Дијана и модниот тајкун се во врска од 2018 година, а се свршија една година подоцна.

Меѓу гостите на венчавката биле присутни и трите возрасни деца на 62-годишниот Луис од претходниот брак, со кои таа е во одлични односи.

Фото: Profimedia

Таа е првото дете на братот на Дијана, Ерл Спенсер (57), кој е дури пет години помлад од новопечениот сопруг на неговата ќерка леди Кити.

Кити е голема обожавателка и амбасадорка на брендот „Долче и Габана“, па затоа за својата венчавка избрала токму нивна винтиџ венчаница инспирирана од викторијанскиот стил. Кити изгледала неверојатно во белата венчаница од тантела со паф ракави и долг раскошен вел, а носела и тијара како она што ја носела принцезата Дијана на својата венчавка со принцот Чарлс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 55cosasbonitas (@55cosasbonitas)

Кити до олтарот ја придружувале нејзините браќа, а венчавката се одржала во луксузната вила Алдобрандини со поглед кон Рим.

Фаталната русокоса веќе неколку денови на својот инстаграм-профил објавува како го поминала периодот на подготовките за венчавката. Во Италија со неа дошле и пријателките, а повеќето гости биле облечени во италијанскиот бренд „Долче и Габана“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kitty Spencer (@kitty.spencer)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kitty Spencer (@kitty.spencer)

Не е познато дали нејзиниот татко присуствувал на венчавката, но во петокот кога била свадбената проба, тој на Инстаграм споделил фотографија од неговиот дом во Алторп, па се претпоставува дека тој не бил присутен, како и нејзините кралски братучеди. Како причина се наведуваат мерките на претпазливот за ковид-19.

Фото: Профимедиа

Инаку, на гламурозната венчавка на внуката на принцезата Дијана присуствувале членови на стари благородни семејства, но и поп-sвездата Пикси Лот, сопругата на актерот Идрис Елба – Сабрина, ријалити sездата Марк Вандели, холандската манекенка Марпеса Хенинк, мајката на милијардерот Илон Маск, Маје Маск, уметникот Пјотр Крзимовски…

Гламурозната венчавка била обележена и со велелепен огномет.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maye Musk (@mayemusk)

Леди Кити никогаш јавно не зборувала за нејзиниот сопруг, со кого првпат беше забележана како се бакнува во август 2019 година, при излегување од „Клуб 55“ во Сен Тропе.

Кити студирала историја на уметноста во Кејптаун во Африка, а италијански јазик во Фиренца, каде што еден ден сака да ги помине пензионерските денови. Покрај занимавањето со манекенство, таа е активна и во областа на социјалниот активизам и хуманитарната работа – Кити е дел од британската иницијатива која собира пари за бездомниците и децата на кои им е потребно лекување.

Инаку, Мајкл Луис веќе има еден брак со себе и три возрасни деца. Не е познато дали Кити ќе прејде во јудаизам, верата на овој мултимилионер.

Kiti gotovo nikad ne govori o svojoj ljubavi

                                                                   Фото: Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот