ФОТО + ВИДЕО | Сите жители на овој град живеат во една улица долга 9 километри

Често се случува додека патуваме да наидеме на место кое како да е „поврзано“ со главниот пат, од кој се разгрануваат помали улички. Ова не е случај со Сулошова, кој се наоѓа на југот на Полска и има околу 6.000 жители.
Имено, во овој град има само една улица „Олкуска“ која се протега на околу 9 километри, пишува српски „Нејшнал џеографик“.

Иако не е најдолгата улица во светот, бидејќи ја надминуваат други улици како „Роскилдеј“ во Копенхаген, сепак има нешто посебно што ги интригира туристите кои одат таму.
Градот има училиште, болница, цркви, продавници и домови, како и средновековен замок од 14 век, Пиескова Скала, изграден за време на владеењето на кралот Казимир III, кој бил дел од одбранбениот синџир наречен „Орловско гнездо“.
Иако не се гледа од улицата, Сулошова крие уште една интересна карактеристика: полињата со култури што го опкружуваат местото се поставени под прав агол и претставуваат совршена хармонија на зелените тонови.
Друга особеност на местото е што улицата е дел од Виа Реџиа, рута што го поврзува патот со главниот град на Украина, Киев.
Обликот на градот наликува на идеалниот линеарен град што архитектот Артуро Сорија го нацртал на крајот на 19 век. Проектот бил дел од патот што водел низ Европа – поврзувајќи неколку клучни градови, како Пекинг или Мадрид, за да се олесни комуникацијата.
Блиското истоимено плато е дел од Националниот парк Ојчовски. Познат е по бројните природни богатства, пештери и варовнички карпи, изворот на реката Прадник и карпата висока 30 метри по име Маза од Херкулес.