ФОТО | Ужива со саканиот во Мадрид: Тамара Тодевска ќе настапи на евровизиска забава во шпанската престолнина

Фото: Инстаграм/Тамара Тодевска

Македонската пејачка Тамара Тодевска (38) е наша најуспешна претставничка на Изборот на песна за Евровизија, која го освои високото 7. место со песната „Proud“ во 2019 година.

Пет години подоцна, таа сѐ уште важи за голема ѕвезда меѓу обожавателите на овој фестивал, што е доволна причина организаторите на големата евровизиска забава во Мадрид, Шпанија да ја поканат да биде дел од неа.

Тодевска отпатува во Мадрид со нејзиниот партнер, архитектот Лука Радовиќ, и сподели неколку фотографии од прекрасната шпанска метропола.

„Едвај чекам утре да ја запееме ‘Proud’. Поминаа пет години, но сè уште ја шириме пораката на песната. Ви благодарам“, напиша таа на Инстаграм, обраќајќи им се на еврвовизиските обожаватели кои ќе присуствуваат на забавата.

Исто така, пејачката сподели дека за нејзините модни комбинации на фотографиите се погрижил нејзиниот долгогодишен соработник, стилистот Игор Марков.

Фото: Инстаграм/Тамара Тодевска
Фото: Инстаграм/Тамара Тодевска
Фото: Инстаграм/Тамара Тодевска
Фото: Инстаграм/Тамара Тодевска
Фото: Инстаграм/Тамара Тодевска
Фото: Инстаграм/Тамара Тодевска

ВИДЕО | Уметничко лизгање: Русинка изведе кореографија на песната „Proud“ од Тамара Тодевска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот