ВИДЕО | Уметничко лизгање: Русинка изведе кореографија на песната „Proud“ од Тамара Тодевска

Фото: EPA/Profimedia

Руско-српската лизгачка Антонина Дубинина (27) настапи на годинашното издание на Европското првенство во уметничко лизгање, кое се одржува во Каунас, Литванија.

Дубинина настапи во кратката програма на женски сингл, а заврши на 31. место.

Но, тоа што остави најсилен впчеаток е дека талентираната спортистка изведе кореографија на песната „Proud“ на македонската пејачка Тамара Тодевска.

Ова не остана незабележано од страна на нашата музичка дива, која го сподели настапот на лизгачката на својот инстаграм-профил.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Антонина Дубинина е родена во Москва, на 23 октомври 1996 година, а почнала да тренира уметничко лизгање на 5 години.

Таа има српско-руско потекло и настапува за Србија, а досега дури шестпати била шампион на Србија во уметничко лизгање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот