ФОТО | Уништен мурал на Ѓоковиќ, Косово бара казна, а Ролан Гарос тврди: Нема прекршување на правилата

Бурни реакции предизвика пораката на Новак Ѓоковиќ кој по вчерашната победа на Ролан Гарос на камерата напиша: „Косово е срцето на Србија. Стоп за насилството“.
Пораката на српскиот тенисер дојде по вчерашната ситуација на Косово во која имаше многу повреден во општините Звечан, Зубин поток о Лепосавиќ. Во јавноста се шпекулираше за казна за Ѓоковиќ поради ваквиот потег, но организаторот на турнирот порача дека нема основа за некаква казна.
„Не постојат официјални грен-слем правила за тоа што еден тенисер може, а што не може да каже. Тениската федерација на Франција нема да дава никакви изјави на оваа тема“, порачаа организаторите.
Од друга страна, во федерацијата на Косово се убедени дека Ѓоковиќ треба да биде казнет.
„Тениската федерација на Косово стои во одбрана на вредностите и дигинитетот на својата земја и своите луѓе, но во исто време стои и во одбрана на тенисот како спорт. Како тениска федерација бараме казна за Ѓоковиќ од АТП, ИТФ и Ролан Гарос“, стои во нивното соопштение.
Целата ситуација беше причина и за вандализирање на муралот со ликот на Ѓоковиќ во местото Ораховац.
View this post on Instagram
Ѓоковиќ по мечот го објасни својот потег и порача дека неговата намера во никој случај не е да влегува во политички теми.
„Не сум политичар и немам намера да влегувам во политички теми. Како Србин ме боли тоа што се случува на Косово со нашите луѓе. Чувствувам одговорност како јавна личност и како син на човек кој роден на Косово. Не знам што иднината носи за Србија и Косово, но најважно е да се покаже слога. Имаше многу забелешки од интернационални новинари, меѓутоа мојот став не се менува, повторно би го направил истото, па и да добијам казна“, изјави Ѓоковиќ на прес-конференцијата.