Над 50 луѓе повредени во инцидентите на северот на Косово, еден од нив се бори за живот

Доктор Златан Елек, директор на болницата во Косовска Митровица, за српскиот портал Новости ,изјавил дека повеќе од 50 граѓани дошле во оваа здравствена установа со повреди од шок-бомби, гумени куршуми и од боева муниција, откако Србите во Звечан на северот на Косово се судрија со припадници на КФОР и Косовската полиција.
Еден маж моментално е во операциона сала и лекарите се борат за неговиот живот.
Тој имал прострелна рана во пределот на карлицата.
Едно лице кое е тешко повредено во моментов е на дијагностика.
Меѓу повредените е и доктор Драгиша Миловиќ, претседателот на општина Звечан, кој е погоден во пределот на градниот кош, но не се знае од што.
Голем број припадници на КФОР со опрема за разбивање демонстрации од утрово се распоредени во близина на општинските згради во Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток, на северот на Косово, каде се собрани жители од српска националност. Зад нив стојат бројни косовски полицајци, кои не им дозволуваат на насобраните Срби да се приближат до општинските згради.
ВИДЕО: На северот на Косово двајца ранети, се фрлаат шок-бомби, се пука од огнено оружје