ФОТО | „Уловени“ на романтичен состанок: Софија Вергара ја обнови врската со познатиот хирург

Фото: Profimedia

Иако откри дека не сака да се „дружи“ со помлади мажи, актерката Софија Вергара очигледно му прогледа низ прсти на хирургот Џастин Салиман, со кој извесно време се забавуваше по разводот.

Неодамна во медиумите се зборуваше за нивното раскинување, но 51-годишната актерка беше повторно „уловена“ на љубовен состанок со 49-годишниот хирург.

Актерката во јавноста се претставува како сингл, но според последните фотографии се чини дека врската со ортопедскиот хирург сè уште не е завршена.  Парот беше фотографиран на ноќно излегување пред неколку дена, што поттикна многу прашања за статусот на нивната врска.

Фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Откако ја направи големата промоција на својата нова серија „Гризелда“ во која соработуваше со Нетфликс, актерката се врати во Лос Анџелес, каде беше пречекана од прегратката на истакнатиот хирург со кој се забавуваше по разводот со Џо Манганиело.

Форо: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Вергара и Салиман беа фотографирани на Беверли Хилс откако вечерале во познатиот ресторан „Циприани“, омиленото место на многу познати личности.

 

„Сè уште има искра меѓу Џастин и Софија, но Софија сака да ја гледаат како слободна и подготвена да се дружи, таа не сака да се задоволи со никого, дури и ако има неверојатна врска со Џастин“, открил извор на „Дејли мејл“.

Актерката секогаш знае да привлече внимание и да ги истакне своите атрибути, па за вечерата со Џастин таа блесна во корсет од тантела без прерамки во комбинација со свилени панталони.

„Ми го убија братот…“: Софија Вергара проговори за семејната трагедија во Колумбија

Софија Вергара: Големите гради ми ги отворија сите врати, ми беа пропусница за светот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот