ФОТО | Томи Дорфман се идентификуваше како трансордова жена: Името нема да го менува во спомен на нејзиниот вујко
Sвездата на серијата „13 Reasons Why“ во продукција на „Netflix“, Томи Дорфман, се изјасни во новото интервју за „Time“ дека се идентификува како трансродова жена.
View this post on Instagram
„Веќе една година приватно се идентификував и живеев како жена – трансродова жена“, изјавила Дорфман.
View this post on Instagram
„Не се чувствувам доволно безбедно да зборувам за тоа, но зошто да не дозволам светот да види како изгледам? Денешниот ден го доживувам како претставување на самата себе, која медицински ја направи транзицијата. Моите заменици се таа / нејзино. Се викам Томи“, додала актерката.
View this post on Instagram
Дорфман објасни и зошто не сака да го промени името.
„Го добив името по братот на мајка ми, кој починал еден месец по моето раѓање и се чувствувам многу поврзана со тоа име, со човекот кој ме држел додека умирал“, додала актерката.
View this post on Instagram
Дорфман исто така изјавила дека повеќе не ја интересираат улогите на машки ликови во филмови и серии.
View this post on Instagram
„Се плашев дека со транзицијата ќе го изгубам градењето на кариера. Особено сум благодарна на секој транс – човек кој поминал низ овој пат, ги срушил бариерите и го ризикувал својот живот за да живее автентично и радикално“, истакнала Дорфман.