ФОТО | Српската убавица Софија Мило и фудбалерот Лука Јовиќ добија уште еден син: Откриено и името на бебето

софија мило
Софија и Лука / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Српската манекенка Софија Милошевиќ и фудбалерот Лука Јовиќ го добија своето второ дете, а веќе е познато и името кое го одбрале за бебето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SOFIA (@sofijamilo)

Манекенката Софија Милошевиќ која на социјалната мрежа „Инстаграм“ ја следат над 601.000 луѓе ширум светот, вчера го роди своето второ дете во Мадрид.

Фудбалерот Лука Јовиќ и таа добија уште еден син. Тоа е нивно второ заедничко дете, а на Лука трето дете. Најстариот син фудбалерот го доби од врската со Анѓела Маниташевиќ, додека во септември 2020 година со Софија го доби синот Алексеј.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SOFIA (@sofijamilo)

Според српските медиуми, Лука поради обврските во клубот и репрезентативни подготовки бил принуден да го прослави раѓањето на детето во Данска.

Имено, Софија и Лука за својот син го избрале името Теодор. Тоа е име со грчко потекло и значи „Божји дар“ и со векови е многу популарно на нашите простори.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SOFIA (@sofijamilo)

Манекенката во една прилика истакна дека нејзиниот избраник повеќе сака традиционални имиња.

софија милошевиќ
Фото: Принтскрин/Инстаграм

Инаку, Лука по породувањето сподели фотографија од Софија и бебето.

„Ти благодарам за уште еден прекрасен подарок! Ве сакам“, напиша тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот