ФОТО | Сопругата Џејда и ќерката на Вил Смит: Солидарно – со избричени глави

џејда вилоу смит вил
ФОТО: Инстаграм

Џејда Пинкет Смит ја покажала својата свежо избричена глава откривајќи дека нејзината ќерка Вилоу ја инспирирала во смелата нова фризура.

„Вилоу ме натера да го сторам тоа, бидејќи беше време, Но… моите 50-ти години се божествено осветлени со ова преродување“, напиша 49-годишната актерка во описот на селфи фотографијата на „Инстаграм“ на која двете имаат избричени глави.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ∴ WILLOW ∴ (@willowsmith)

Вилоу (20) покажа поддршка со својата објава на „Инстаграм“, со натпис на истата фотографија, „подарокот е чист кога ќе се даде од срце на вистинската личност во вистинско време и на вистинско место, и кога не очекуваме ништо за возврат“.

Пинкет Смит беше отворена во врска со своите борби со опаѓањето на косата, откривајќи во епизодата на „Red Table Talk” во 2018 година дека страда од алопеција.

„Беше застрашувачки кога започна. Бев под туш еден ден, а потоа само влакна во моите раце… Тоа беше период во мојот живот кајшто буквално се тресев од страв“, вели таа на својата веб-серија, додавајќи дека нејзината коса била „Голем дел од неа“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот