ФОТО | Шилегов: Околу 10 јуни треба да пристигне противпожарна скала и дополнителна опрема за пожарникарите

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Ќе продолжиме да вложуваме во опрема и човечки потенцијал, бидејќи за безбедноста на скопјани и безбедноста на вработените во пожарната се императив. Тоа го порача градоначалникот на Скопје Петре Шилегов кој денеска по повод Денот на пожарникарството, ја посети Станицата на противпожарната бригада во населбата Автокоманда.

– Јас како градоначалник вложувам многу во човечкиот, но и останатиот инфраструктурен потенцијал на противпожарната бригата. Зголемен е бројот за нови 38 пожарникари. Речиси две години во рамки на противпожарната бригада целосно се обновени униформите што целосно ги заштитува пожарникарите и специјалните обувки, изјави Шилегов.

Тој најави и дека според последните информации со кои располага, околу 10 јуни треба да пристигне противпожарна скала и дополнителна опрема, која според градоначалникот е најнапредна опрема која противпожарната бригада ја има добиено и општо во историјата на државата.

– Пожарникарите се хероите на нашиот град. Ги надминавме децениските проблеми со кои се соочува тие, зголемени се платите, додатоците, редовно се исплаќа и хранарината. Од материјален аспект тоа што беше проблем кај пожарникарите е надминато, забележуваме и задоволство помеѓу вработените, што не беше случај до пред една година, додаде градоначалникот.

Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот