ФОТО | Родителите на познатата актерка пронајдени мртви во куќата, позната потенцијалната причина за смртта

Фото: Профимедиа

Телата на родителите на актерката Алиша Вит се пронајдени во нивниот дом во Масачусетс, а властите се сомневаат дека тие починале од смрзнатост (хипотермија).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alicia Witt (@aliciawitty)

Дијана (75) и Роберт Вит (87) биле пронајдени во понеделникот, откако нивната ќерка побарала од братучед да ги провери бидејќи не се јавувале на нејзините телефонски повици.

Од полицијата соопштиле дека сопружниците имале проблеми со печката, а Роберт бил пронајден облечен во капут. На телата не се пронајдени знаци на траума и насилство, како ниту траги од отровни гасови како јаглерод моноксид, пренесува „Дејли мејл“.

„Немаше траги за кривично дело. Во тек е истрага“, рекле од полицијата.

Сосетката на семејството открила дека Роберт имал рак, додека на Дијана неодамна ѝ била дијагностицирана Паркинсонова болест.

„Таа беше кревка жена, можеше да ја одвее малку посилен ветар“, рекла сосетката, додавајќи дека актерката Алиша била вклучена во животот на своите родители.

Рекла и дека родителите на актерката, кога некои од нејзините филмови се прикажувале на телевизија, доаѓале кај неа бидејќи немале телевизор во боја.

„Се обратив кон братучетката која живее во близина на моите родители за да ги проверам. За жал, исходот беше незамислив. Молам за малку приватност во овој момент за да тагувам и за да ги соберам мислите во врска со овој настан и сосема нереална загуба“, рекла актерката во соопштението.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alicia Witt (@aliciawitty)

Алиша Вит ја започна својата кариера во 1984 година на само осум години, откако Дејвид Линч ја ангажираше во филмот „Дина“. Таа, исто така, се појави во серијалот „Твин Пикс“ на истиот режисер, а глумеше и во голем број популарни серии како што се „Сопранови“, „Два и пол мажи“, „Живи мртовци“ и „Портокаловата е новата црна“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот