Зендаја и Роберт Патинсон - Фото: Инстаграм

ФОТО | Роберт Патинсон и Зендаја ја збунија јавноста со новата заедничка фотографија: „Дали се свршени?“

Дали Зендаја и Роберт Патинсон се свршени? Оваа вест, поради нивната фотографија која беше неодамна објавена, се прошири на интернет како молња, но вистината е сосема поинаква. Станува збор за генијална маркетиншка кампања за нивниот нов заеднички филм, а фотографијата на која Зендаја покажува свршенички прстен успеа да збуни многумина.

Вешто осмислена кампања

Ѕвездите глумат заедно во дури во три филма кои треба да излезат следната година – „The Drama“, „The Odyssey“ и „Dune: Part Three“. Токму за филмот „The Drama“ на продукциската куќа „A24“ ја осмисли оваа кампања. Во филмот, Зендаја и Патинсон глумат свршен пар, Ема Харвуд и Чарли Томпсон, кои во деновите пред венчавката откриваат вознемирувачки вистини еден за друг.

За промоцијата да биде што поубедлива, маркетиншкиот тим дури објави лажна најава за свршување во весникот „The Boston Globe“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zendaya (@zendaya)

Реакции на социјалните мрежи

Овој потег предизвика лавина реакции на социјалните мрежи. Еден корисник се запраша: „Дали A24 навистина објави најава за свршување во The Boston Globe како дел од маркетиншката кампања?“

Многумина веднаш се сетија на вистинскиот свршеник на Зендаја, Том Холанд.

„Ќе платам голем износ само да ја видам реакцијата на Том Холанд веднаш, сега“, гласеше еден од коментарите на Икс.

Сепак, многумина искористија прилика да го изразат возбудувањето за филмот, чија премиера е најавена за 3 април 2026 година.

Кој со кого во вистинскиот живот?

Во реалноста, Зендаја е свршена со својата долгогодишна љубов, ѕвездата на „Спајдермен“, Том Холанд. Се верува дека Том ја запросил помеѓу Божиќ и Нова година минатата година, а фановите ја дознале среќната вест кога актерката во јануари годинава се појави на доделувањето на Златни глобуси со голем прстен.

Веднаш потоа, таткото на Том, Доминик Холанд, ја потврди свршувачката на својот блог:

 „Том, како што веќе знаете, беше неверојатно добро подготвен. Купи прстен. Разговараше со нејзиниот татко и доби дозвола да ја запроси неговата ќерка. Том го испланира сè … Кога, каде, како, што да каже, што да облече.“

Од друга страна, Роберт Патинсон е свршен со Суки Вотерхаус. Парот се свршил во декември 2023 година, а во март 2024 година добија и прво дете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот