ФОТО | Рита Ора во латекс на сцената на Евровизија 2023

Фото: Twitter/ Rota Ora

Пејачката Рита Ора настапи за време на паузата на првата полуфинална вечер на Евровизија 2023. Настапот на пејачката се случи 14 години по нејзината аудиција за претставник на Евроврзија 2009, со песната „Get Here“. Иако ѝ беше дадена можноста да ја претставува Велика Британија, таа се повлече, сметајќи дека не е добар чекор за нејзината кариера. Меѓутоа, на вчерашното прво полуфинале на Евровизија, Рита се потруди да го задржи вниманието на публиката со нејзиниот енергичен настап.

На сцената таа ги изведе нејзините најголеми хитови,како „Ritual“, „I Will Never Let You“ и „Anywhere“. Во еден момент беше придружена од млада танчерка, бегалец од Украина, која таа ја претстави како Софиа Кладко.

Фото: Twitter/ Rita Ora

Публиката беше изненадена од шоуто што го приреди, но најголем впечаток остави и нејзината облека. Пејачката се појави во црн корсет од латекс, со длабоко деколте и ракавици со отворени прсти.

Фото: Twitte/ Rita Ora

Настапот го заврши додека седеше врз пирамида од танчери, пеејќи ја нејзината најнова песна „Praising You“, во соработка со ФетБој Слим.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот