ФОТО | Рецепт за чорба од морков и ѓумбир од Марија Старделова

Марија Старделова/Инстаграм
Марија Старделова/Инстаграм

Инстаграм-профилот на Марија Старделова е вистинско шаренило од вкусови, рецепти, естетика и можност да „патувате“ низ боите и да вкусите најразлични здрави оброци. Марија денеска ви приготви вкусна и топла чорбичка што „грее“ стомак.

Мислам дека веќе сите сме свесни за здравствените придобивки на ѓумбирот, но ајде да повториме некои: има анти-инфламаторно дејство и ги намалува болките при артритис, го намалува нивото на шеќер во крвта, го намалува нивото на холестерол, го забрзува варењето и го намалува гадењето, односно го стабилизира стомакот. А во комбинација со морков, лук и куркума како во случајов, станува еден прекрасен и хранлив ручек.

Состојки:

  • Моркови
    Лук
    Кромид
    Свеж ѓумбир (парче колку врвот од палецот)
    Сол, бибер, куркума (по вкус)
    Вода
    Количините на состојките прилагодувајте ги според количината на супа што сакате да ја добиете.

Подготовка:

Измијте ги и излупете ги морковите и ставете ги да се печат, заедно со кромидот и лукот (лукот оди цел, пресечен на половина). Печете 20тина минути на 150, или додека да омекнат. Потоа ставете ги во тенџере на оган (лукот го истиснувате како паста), излупете го и изрендајте го ѓумбирот, додадете ги зачините, полијте со вода и оставете да се вари кратко (колку да омекне и ѓумбирот). Потоа изблендајте со рачен блендер и послужете. Одлично оди со крема од овес, тостирани индиски ореви, младо кромитче и малку свежо чили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот