ФОТО | Рецепт од шарениот свет на Марија Старделова: Крекери од цвекло и хељда

Марија Старделова/Инстаграм
Марија Старделова/Инстаграм

Инстаграм-профилот на Марија Старделова е вистинско шаренило од вкусови, рецепти, естетика и можност да „патувате“ низ боите и да вкусите најразлични здрави оброци. Марија денеска ви приготви вкусни, здрави и невообичаени крекери – цвеклото тука го зазема главното место.

Состојки:

  • 1 поголемо цвекло, ситно изрендано
  • 1 лажиче сок од лимон
  • ½ шолја семки од сончоглед
  • 1 шоља брашно од хељда
  • 2 лажици ленено семе
  • ½ лажиче сол
  • ½ лажиче лук во прав (+ останати зачини по вкус)
  • 2 лажици маслиново масло
  • 3 лажици вода

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови. Излупете го и ситно изрендајте го цвеклото и полијте го со сокот од лимон. Сомелете го сончогледот, да добиете брашно и во голем сад измешајте го заедно со брашното од хељда, ленот, солта и зачините. Додадете го цвеклото. Во посебен сад измешајте го маслиновото масло и водата и постепено додавајте во смесата додека да добиете мазно нелепливо тесто. Расукајте го тестото помеѓу две парчиња хартија за печење, исечете го во саканата форма и ставете го да се пече 15-тина минути. Проверувајте ги, бидејќи тие на краевите ќе се испечат побргу, па ќе можете да ги извадите и останатите да ги распределите. (Времето на печење зависи од секоја рерна). Откако ќе се испечат, оставете ги да се изладат пред да ги пробате.

Крекери од цвекло и хељдда/Марија Старделова
Крекери од цвекло и хељдда/Марија Старделова

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот