ФОТО: Промовирана НИКС (NICS) лабораторија за кризен менаџмент

Центарот за управување со кризи, ЦУК, како координатор на проектните активностите во земјата на дел НАТО проекти од областа на кризен менаџмент, има успешна соработка со институциите на Системот за управување со кризи, СУК, вклучително и со Универзитетот на Југоисточна Европа.

ЦУК, денеска (22.12.2020, вторник), заедно со Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, со промовирањето на НИКС (NICS) лабораторија за кризен менаџмент во просториите на Универзитетот, реализираше уште една успешна финализирана етапа од Веб-базираната комуникациска платформа за управување со кризи „Следна генерација на Систем за командување и управување со инциденти” – НИКС (Next-Generation Incident Command System – NICS).

Тоа е дел од проектот „Напредна регионална координација при цивилни итни состојби” во Западен Балкан (ARCECP), што од 01 декември 2016 година се имплементира во земјата и во Регионот во рамки на Програмата на НАТО – Наука за мир и безбедност (SPS). Конкретно, во просториите на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово се одржа пригоден промотивен настан, согласно здравствениот протокол, по повод пуштањето на НИКС (NICS) лабораторија за кризен менаџмент.

Притоа, покрај претставник на домаќинот – ректорот академик проф. д-р Абдулменаф Беџети, па в.д. директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, со свое лично обраќање, покрај другите зеде учество и кодиректорот на проектот, д-р Урим Вејсели од ЦУК, а преку видеоконференциска врска и високи претставници од Амбасадата на САД во Р.С. Македонија и многу други високи претставници на држави од Светот и од државата коишто се поврзани со проекти за кризен менаџмент.

Во своето обраќање в.д. директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, а потоа и на малата прес-конференција за присутните медиуми, заедно и со замени директорот на ЦУК, Екрем Зендели, посочи дека НИКС (NICS) (Веб-базираната комуникациска платформа за управување со кризи „Следна генерација на Систем за командување и управување со инциденти”) претставува едно од најсовремените технолошки постигнувања во полето на кризниот менаџмент, а Р. С. Македонија ја има можноста и привилегијата како нова членка на НАТО да го имплементира овој систем до крајот на 2021-вата година со што воедно ќе се овозможи и целосна дигитализација на Системот за управување со кризи во земјата.

Како алатка за просторно прикажување на податоци со цел справување со настаните и појавите во реално време, НИКС (NICS) овозможува брза и ефикасна комуникација и координација помеѓу субјектите на Системот за управување со кризи, како и побрзо донесување одлуки за ефикасно справување. Алатката истовремено овозможува целосно и вистинито информирање на медиуите и на граѓаните во насока на подигање на свесноста и разбирањето на ризиците.

Оваа НИКС (NICS) лабораторијата Универзитетот на Југоисточна Европа, како современа наставна алатка, ќе придонесе за поквалитетно школување на студенти, а во голема мера ќе им послужи и на професорите. Лабораторијата има можност да придонесе и во справувањето со актуелната светска пандемија што ја погоди и нашата држава.

Реализацијата на лабораторијата е дел од плодната соработка на Центарот за управување со кризи и со останатите институции коишто се дел од Системот за управување со кризи, СУК. Практично, ЦУК, како координатор на проектните активностите во земјата на дел на НАТО проекти од областа на кризен менаџмент, има успешна соработка со институциите на Системот за управување со кризи, а и со високообразовните институции во државата, во случајот вклучително и со Универзитетот на Југоисточна Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот