ФОТО | Природно чудо: Најголемата пустина со бел песок во светот каде што можете и да кампувате

Фото: Пекселс/John Howard/ Caleb Jack

„Бели песоци“ („White Sands“) е најмладиот Национален парк во Соединетите Американски Држави. Овој поранешен, државен, природен споменик во државата Ново Мексико пред неколку години стана национален парк, пишува „Пун куфер“.

Тоа е вистинско чудо на природата кое се протега на 589,9 квадратни километри во округот Отеро. Во него преовладуваат песочни дини, односно акумулирани гипсени кристали кои му даваат блескава бела боја, а кои во некои делови се издигнуваат и до 18 метри во висина.

Фото: Pexels/James LaMorder

Се претпоставува дека дините настанале пред 7.000 до 10.000 години од еродираниот селенит. Иако „White Sands“ се смета за најголемото поле на гипсени кристали во светот, оваа локација не е под заштита на УНЕСКО.

Фото: Pexels/caleb-jack

Локалните жители не сакаат да го номинираат за списокот на светски природни наследства, бидејќи стравуваат дека ќе мора да го затворат блиското воено подрачје за тестирање на ракети, по име „White Sands Missile Range“, кое е отворено од 1945 година.

Фото: Pexels/caleb-jack

Денес, националниот парк е дом на околу 600 безрбетници, 250 видови птици, 50 цицачи и 30 влекачи, како и 300 растителни видови. Секоја година го посетуваат околу 600.000 луѓе кои најчесто преноќуваат во шатори на предвидено место за кампување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот