ФОТО | Прерано заминување: Бо Бајден, непрежалениот син на американскиот претседател

Фото: Профимедиа

Откако пред шест години почина неговиот постар син, миленикот Бо Бајден, новоизбраниот американски претседател на разни начини му оддава почест. Истото се случи и на инаугурацијата во Вашингтон.

На настанот на кој 46-иот американски претседател ѝ се обрати на нацијата, меѓу другите гости беа и членовите на групата Њу Радикалс, кои по 22 години се собраа и во спомен на Бо Бајден ја отпејаа неговата омилена песна „You Get What You Give“ , која тој ја слушал секое утро кога одел на хемотерапија.

– Единствено жалам што тој не е овде, бидејќи тој требаше да биде претседател – со тие зборови го заврши емотивниот говор Џо Бајден, пред одењето на инаугурација во Вашингтон. Сите знаеја дека станува забор за неговиот најстар син Бо Бајден, државен адвокат кој во 2015 година почина од тумор на мозокот.

Фото: Профимедиа

Токму по него името го доби најмладото дете на брат му Хантер и неговата втора сопруга Мелиса Коен, 7-месечниот Бо, а Џо Бајден уште неколку пати се присети на својот починат син.

Семејна несреќа

Џозеф Робинет Бо Бајден трети роден е на 3 февруари 1969 година, во Вилмингтон, Делавер и бил најстарото дете на поранешниот сенатор Џо Бајден и неговата прва сопруга Нилија. Набрзо откако Џо е избран за сенатор на Делавер на 18 декември 1972 година, во нивниот семеен автомобил караван се забила тракторска приколка и животот го загубиле Нилија и нивната едногодишна ќерка Наоми. Момчињата Бо и Хантер завршиле во болница со тешки повреди, кои вклучувале искршени коски и повреди на черепот. Четиригодишниот Бо и една година помладиот Хантер поминале месеци во болница опоравувајќи се од тешките повреди, а Џо бил постојано присутен. Таа несреќа уште повеќе ги зближила.

Фото: Профимедиа

– Едно од моите најрани сеќавања за тоа време поминато во болница, е дека тато беше постојано со нас. Единствено за нас се грижеше, не за Сенатот – ќе изјави во една прилика Бо.

Тој бил многу поврзан и со помладиот брат Хантер со кого заедно оделе во истото католичко средно училиште каде учел и нивниот татко. За тоа каков бил неговиот постар брат во една пригода се присети и Хантер:

Фото: Профимедиа

– Ако кажев да скокнеме од карпа во вода, тој ќе ме предупредеше „Пред да скокнеме, сигурен си дека долу нема никакви карпи“.

Бо беше омилен меѓу соучениците и колегите на факултет, па никому не му било чудно кога го избрале за претседател на студентскиот совет. По дипломирањето на факултетот во Пенсилванија и на Правниот факултет во Сиракјуз, се пријавил за помошник судија во Њу Хемпшир каде работел како адвокат до 2004 година, кога преминал во државни обвинители.

Фото: Профимедиа

Жесток борец против сексуалните предатори

Паралелно со адвокатската кариера се придружил во американската војска во 2003 година, а со својата единица во 2008 година заминал во Ирак, од каде се вратил во 2009 година за да присуствува на татковата инаугурација за потпретседател, по што се вратил на бојното поле. За воени заслуги добил медалја „Бронзена ѕвезда“, а постхумно е награден за своето „херојство, сите заслуги и извонредни достигнувања“.

Фото: Профимедиа

Од намерата да се врати во Ирак се откажал откако во 2016 година решил да се кандидра за гувернер, но здравствените проблеми го спречиле во таа намера.

Во тек на својата кариера како обвинител Бо Бајден жестоко се борел со сексуалните предатори и токму тој донесол нови одредби во законите за посторги казни особено за педофилите. Кога тако му станал потпретседател, додека Барак Обама беше претседател, сите биле убедени дека Бо ќе го замени татко му во Сенатот. Но тоа не се случило бидејќи тој сакал до крај да ја истера правдата и да го осуди Ерл Бредли ,педијатар обвинет за 471 случај на злоупотреба и силување на 103 деца.

Фото: Профимедиа

Во 2010 Бо доживеал благ мозочен удар од кој како последици останале проблеми со говорот, разбирањето, меморијата и изразувањето. По три години на мозокот му биле пронајдени лезии и била поставена дијагноза глиобластом- најгресивен тумор на мозок. По операцијата ја добил битката со болеста, но во 2015 таа брзо прогресирала и Бо починал во 47 година од животот. Колку му значеше Бо на Џо, тој докажа со изборот на Камала Харис за потпретседателка. Токму со неа Бо соработувал додека работел како јавен обвинител и многу ја почитувал.

Фото: Профимедиа

Семејството било многу важно и за Бо. Тој со сопругата Хели Оливер биле во брак од 2002 година и ги имаа ќерката Натали и синот Роберт Хантер трети. Но, само една година по неговата смрт, таа најде утеха во прегратките на брат му Хантер, кој поради неа се разведе од сопругата Кејтлин. Романсата кратко траеше, до 2017 година, кога се разделија. Сеќавањето на Бо и денес е живо и тоа благодарение токму на Џо Бајден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот