ФОТО | Покетино на првиот работен во Челси правеше скара

Фото: Chelsea

Маурисио Покетино во текот на вчерашниот ден пристигна во Челси и така ја започна епизодата во таборот на „сините“, а го даде и првото интервју на оваа позиција.

Во своето интервју Покетино истакна дека за него Челси е еден од најуспешните англиски клубови во последните 15-тина година и вети дека ќе го врати клубот на победничките патеки.

Покетино во Челси пристигнува по сезона за заборав и тоа откако американските сопственици во два преодни рока потрошија околу 600 милиони евра. Сезоната Челси ја заврши на 12-тата позиција.

Пред тешката работа која го чека аргентинскиот стратег одлучи да целиот персонал да го опушти со правење скара.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот