ФОТО | Ова е новата куќа на Џеј Ло и Бен Афлек: Чини вртоглави 60 милиони долари и има 24 бањи

Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN/BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Љубовната приказна на Џенифер Лопез и Бен Афлек е навистина неверојатна. Двојката, која минатата година ја обнови врската по две децении, долго време го бараше својот дом од соништата, а се чини дека сега конечно го пронајде.

Имено, Лопез и Афлек купиле луксузна вила во Беверли Хилс, за која платиле дури 60 милиони долари, пишува „Ти-ем-зи“.

12 спани соби и 24 бањи

Куќата има 4273 квадратни метри со пет хектари градина. Таа има 12 спални соби и 24 бањи, а вклучува спортска сала со терен за кошарка, теретана, боксерски ринг и бар.

Имотот има и гостински пентхаус од 456 метри квадратни, двособна куќа за обезбедување и гаража за 12 автомобили. Има и дополнителен паркинг простор кој може да собере 80 возила.

Фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Тие веќе се вселуваат

Имотот првично бил продаден за 135 милиони долари пред пет години, но цената се намалила со текот на годините. Минатиот месец куќата повторно била ставена на продажба за 75 милиони долари, но славниот пар успеал да ја намали и таа цена.

Тие го склучиле договорот за новиот дом за само една недела и веќе почнале да се вселуваат. Барем така покажуваа новите фотографии од имотот, направени со дрон.

Фото: BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот