ФОТО | Роденденската фотографија на принцот Луис крена прашина: Погледнете ја кошулата на синот на Кејт и Вилијам
Вилијам и Кејт Мидлтон, принцот и принцезата од Велс, вчера споделија нов портрет на своето најмало дете, принцот Луис, по повод неговиот шести роденден.
На официјалниот профил на Инстаграм на кралската двојка се појави портрет на малиот Луис, во чиј опис им се заблагодаруваат на обожавателите на кралското семејство за убавите желби, а како авторка на фотографијата е наведена неговата мајка Кејт Мидлтон, која поминува низ тежок период, се лекува од рак.
Малиот принц Луис позира во тревата, облечен во бела карирана кошула и темни шорцеви, а додека медиумите пишуваат дека шестгодишниот принц од Велс е очигледно облечен во стилот на својот татко, многумина забележаа нешто друго.
Имено, Луис ја носи истата кошула што ја носеше на спорната фотографија која беше објавена на Денот на мајката во март и која крена голема прашина во јавноста откако неколку новински агенции ја повлекоа поради „манипулација“. Станува збор за бела кошула со сини и окер линии кои формираат кариран дезен.
На портретот споделен во март, на кој ја видовме Кејт Мидлтон опкружена со своите деца, Луис носи џемпер врз кошулата и темни панталони, додека овој пат позирал само во кошула и посветли шорцеви.
Thank you for your kind wishes and continued support over the last two months.
Wishing everyone a Happy Mother’s Day. C
📸 The Prince of Wales, 2024 pic.twitter.com/6DywGBpLLQ
— The Prince and Princess of Wales (@KensingtonRoyal) March 10, 2024
Исто така, на новата фотографија му недостасува заб кој обожавателите на кралското семејство забележаа дека во март му паднал. Ова ги поттикна шпекулациите дека е во прашање фотографија која настанала со вештачката интелигенција, со оглед на сите теории на заговор од почетокот на здравствените проблеми на Кејт Мидлтон во јануари.
In prince louis’ latest photo he is wearing the exact same shirt he wore in the AI picture and is still missing same tooth, I bellow to the cashier when he asks me how my day is https://t.co/RvcETjRFO6
— GERA (@twitgera) April 24, 2024
Иако тоа веројатно не значи ништо бидејќи Луис и неговиот постар брат принцот Џорџ често носат карирани кошули, овој конкретен модел привлече големо внимание и коментари на социјалните мрежи. Така некои шпекулираат дека станува збор за минатогодишниот портрет, бидејќи принцот Луис и тогаш носел бела карирана кошула, но забораваат дека минатата година кошулата имала само сини линии.