ФОТО | Отсекогаш изгледал убаво: Се појави фотографија на Жељко Јоксимовиќ од војничките денови

Фото: Инстаграм/ zzeljko

Српскиот пејач Жељко Јоксимовиќ е активен на естрадата од 1997 година и досега има постигнато бројни успеси и како автор на музика и како изведувач. Во младите години пејачот го отслужил воениот рок во касарна во Србија, а на социјалните мрежи сега се појави фотографија од тој период и привлече огромно внимание во јавноста.

Фото: Инстаграм/ estradni.arhiv

Јоксимовиќ тогаш имал околу 20 години и имајќи предвид сѐ што успеал да постигне, изгледа дека му се оствариле соништата.

Инаку, пејачот пораснал во Ваљево. Повторно се вратил во Белград за да студира и таму живее до денес. Оженет е со водителката Јована Јоксимовиќ со која има три деца – ќерките Срна и Ана и синот Коста. Од првиот брак со Весна Аврамовиќ ја има наследничката Мина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот