ФОТО | Објавена листата на најдобри пици на светот: На прво место една од омилените кај нас

Фото: Flickr/Принтскрин/Taste atlas

Туристичкиот водич „Тејст атлас“ (Taste Atlas) објави листа на 50 најдобро оценети видови на пица. На врвот на листата се наоѓа една едноставна, но речиси на сите омилена пица – Маргарита.

Култното јадење со потекло од Неапол во чекор ја следи пицата Наполитана, а третото место го зазема пицата Кватро Формаџи, пишува „Мирор“.

 


Не е изненадувачки што првите десет потекнуваат од Италија, каде што постоењето на пица за првпат е забележано во делата на поетот и есеист Бенедето ди Фалко уште во далечната 1535 година. Листата, составена од онлајн туристичкиот водич „Тејст атлас“, исто така, на четврто место ја ставила квадратната Пица ал таљо, а на петтото – пицата со чери домати или пица Капресе, додека на шестото место се најде кај нас популарната – Капричиоза.

Според „Тејст атлас“, пицата Маргарита била подготвена за кралицата Маргарита Савојска во текот на нејзината посета на Неапол во 1889 година. Јадењето, со светло црвени домати, кремаста бела моцарела и зелени листови босилек, требало да ги претставува боите на италијанското знаме, а кралицата наводно била многу импресионирана.

Готвачот Рафаеле Еспосито од пицеријата „Бранди“, кој е заслужен за создавањето на пицата, ѝ го дал името по кралицата. Меѓутоа, се смета дека полнењето датира од најмалку 1866 година, многу години пред опишаната посета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот